Шеснаесет години по ред хрватската љубовна приказна меѓу штрковите Клепетан и Малена затоплува илјадници срца. Оваа година слатката „романса“ продолжи откако пред помалку од една недела верниот штрк слета во гнездото на својата сакана.
Секој август Клепетан мигрира во Јужна Африка, е Малена мора да се збогува со него, бидејќи не може да лета веќе 22 години поради повреда на крилото од ловец. Во март, Клепетан минува повеќе од 13.000 километри за да се врати во гнездото, каде Малена трпеливо го чека.





Десет години по ред Клепетан се враќал на истиот датум (24 март) во исто време, но во последните години тој пристигнува со задоцнување. Најголемото задоцнување на штркот било 18 дена.




Додека тој е на југ, за неговата љубена на покривот во училиштето во Бродски Варош се грижи Стјепан Вокиќ.
„Навистина, Клепетан доцни 3 или 4 дена за разлика од годините кога беше помлад. Патот е долг, повеќе од 13.000 километри, треба да ги прелета и да избегне бројни замки. Најважно е дека пристигна и дека оваа преубава приказна продолжува. Никој не е посреќен од Клепетан и Малена, и од мене се разбира. По долгите есен и зима, среќа и љубов повторно 'живее' во нашиот двор“ – изјави тој пред неколку дена.


Вокиќ секоја година има задача и да обезбедува риби кога ќе се родат малечките штркчиња на заљубените птици. Досега тие заедно имаат 54 штрка.
