Почетна » Новости » Занимливости » Часот на Земјата: Ќе ги изгаснете ли светлата денес?

Часот на Земјата: Ќе ги изгаснете ли светлата денес?

Седма година по ред иницијативата „Часот на Земјата“ инспирира милиони луѓе низ светот да ги изгаснат светлата во текот на еден час, како симболичен гест за подигнување на свеста за климатските промени.

Во периодот од 20:30 до 21:30 по локално време, стотици милиони луѓе од над 150 држави од целиот свет ќе ги изгаснат светлата и сите други електрични апарати кои не се неопходни во текот на 60 минути за да ја изразат својата загриженост за иднината на планетата.

Часот на Земјата

Иницијативата „Часот на Земјата“ е организирана од World Wide Fund for Nature, организација чија мисија е да го сопре уништувањето на природната средина и да изгради иднина во која луѓето ќе живеат во хармонија со природата.

За првпат оваа доброволна акција била спроведена во Сиднеј во 2007 година, кога 2,2 милиони луѓе и 2000 компании го изгаснаа осветлувањето. Една година подоцна, „Часот на Земјата“ стана глобална иницијатива во која се вклучија 50 милиони луѓе.

Минатата година, во најголемата кампања за планетата се обединија околу 1,8 милијарди луѓе од 152 земји во светот. Годинава се очекува рекорден број на луѓе да поминат еден час во темница.

Часот на Земјата

„Она што започна како настан во Сиднеј во 2007 година со два милиони луѓе, сега прерасна во традиција низ земјата и низ светот“ – изјавил Дермот О’Горман, претседател на World Wide Fund for Nature.

Ќе се вклучите ли и вие? Погледнете го видеото кое ќе ве мотивира да ја поддржите иницијативата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.