Почетна » Новости » Занимливости » Црвенокосите се најиздржливи на болка

Црвенокосите се најиздржливи на болка

Комерцијален текст

Веројатно мислите дека вашата пријателка е „цар во цимолење“ за тоа колку е ладно надвор? Или дека е комплетно отапена кога јаде лути пиперчиња што вам ви предизвикуваат оган во устата? Погледнете подобро каква коса има. Без сомнеж е црвена.

Сè поголем број истражувања потврдуваат дека црвенокосите имаат поинаква конституција кога се во прашање прагот и перцепцијата на болка и соодветните реакции на телото. Истражувањата откриваат дека црвенокосите се почувствителни на студ, помалку чувствителни на поткожно администрирање анестетици (вбризгување со игла), повеќе страдаат од забоболки од другите и се изложени на поголем ризик од развој на склероза и ендометриоза.

Црвенокоса

Некои студии укажуваат на тоа дека црвенокосите се повеќе склони кон болести, бидејќи тие претпочитаат да се кријат од сонцето, со што кумулативно си го намалуваат витаминот Д или го немаат доволно поради нивната неспособност да го апсорбираат. Наводно и хирурзите често се колебаат кога треба да извршат операција врз црвенокоси, бидејќи се вели дека тие крвават повеќе. Но овој мит неодамна е демантиран со студија што потврдува дека црвенокосите во тој поглед не се разликуваат од никој друг на планетата.

Од друга страна, пак, црвенокосите се многу поиздржливи и пожилави од другите луѓе, особено жените со црвена коса. Црвенокосите се и помалку чувствителни на убоди, а поради понискиот праг на одредени видови болка, во дадени случаи им треба 20% повеќе анестезија.

Црвенокосите имаат и послаба толеранција на ладна вода и на ладно време. Од друга страна, тие послабо реагираат на аналгетици и им требаат појаки ослободувачи на болка, а се помалку толерантни на болка во зглобовите.

Истражувањето на начинот на кој црвенокосите реагираат на различни супстанции и стимули креираше цела палета на разлики што му пркосат на лесното демистифицирање и објаснување на реакциите на црвенокосите, бидејќи тие се повеќе погодени од некои работи, а помалку од други, па научниците и натаму теоретизираат за причината за овие разлики.

Дали навистина генот на црвенокосите влијае на чувствителноста на болка сè уште не е потврдено, но постојат индикации дека е поврзан со централниот нервен систем. Судот по ова прашање сè уште заседава и не го знаеме точниот одговор. Некои истражувања велат дека црвенокосите болката ја чувствуваат различно, а некои велат дека нема доволно докази за тоа тврдење.

Но истражувањата и дискусиите околу црвенокосите се сè попопуларни.

Дозволете ни да ве информираме за болката и како најбрзо да ја запрете пред таа да ве запре вас, посетете ја страницата http://www.nalgesin.mk

П.С. Црвенокосите денес сочинуваат 2% од светската популација, а и овој едиторијал го приспособи една црвенокоса :)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.