Дејв Инглдау или „најдобриот татко на светот“ е интернет сензација. 43-годишниот татко забавува милиони луѓе низ целиот свет со хумористичните фотографии на кои се појавува со својата ќеркичка Алис Би.
Откачениот татко, кој деновиве ја промовира својата прва книга, го започнал забавниот проект пред три години, неколку седмици по раѓањето на Алис и на почетокот фотографиите ги прикажувале неговите стравови како нов татко.
„Бидејќи имам мрачна смисла за хумор, отсекогаш мислев дека реакциите ќе бидат негативни ако моите фотографии станат популарни. Но, има многу луѓе кои пронаоѓаат хумор во неконвенционалното. Реакциите воглавно се позитивни. Ме изненади тоа што другите родители се поврзуваа со хуморот и проблемите од фотографиите“ – изјавил тој.
Единствениот елемент кој го има на секоја фотографија е шолја со натпис „најдобриот татко на светот“, иако фотографиите го велат спротивното. „Ликот кој го портретирам во оваа серија е пародија на татко каков што се надевам дека никогаш нема да бидам – расеан, себичен, небрежен или на моменти арогантен“ – вели Дејв.






















