Почетна » Новости » Занимливости » Хуман гест на еден парализиран човек

Хуман гест на еден парализиран човек

Ден Блек е парализиран човек кој се откажа од сонот некогаш повторно да застане на нозе за да му помогне на дете-инвалид.

25-годишниот Велшанец настрадал во несреќа со велосипед во 2009 година и останал неподвижен од половината надолу. Во изминативе четири години, заедно со свои пријатели и роднини, Ден успеал да собере од донации 20.000 фунти. Со собраните пари тој требало да плати пионерска операција со матични клетки која требало да му помогне повторно да прооди.

Но, откако Ден слушнал дека на 5-годишниот Брекон Вон му се потребни 60.000 фунти за да може да се оперира во САД за да се движи без помагала, решил дека малото момче има поголеми шанси да прооди и му ја подарил дарежливата сума.

Брекон и ДенБрекон и Ден

„Знам дека за мене работите нема да се подобрат во скоро време. Само сакав да направам нешто што ќе му помогне на некој чиј живот може да се подобри. Брекон дефинитивно може да прооди ако ја направи операцијата. На никого не би му посакал да е парализиран, па ако можам некому да помогнам да прооди, ќе го направам тоа. Додека има надеж за Брекон, ќе сторам сè што можам, бидејќи не сакам да гледам мало момче како страда. Многу сум им благодарен на сите кои ми помогнаа, но на ова момче парите му се повеќе потребни отколку мене во моментов. Се надевам дека со донирањето на парите ќе охрабрам и други да го направат истото“ – изјавил Ден.

Ден собираше пари за лекување со матични клетки кое сè уште е во фаза на клинички испитувања и веројатно ќе минат барем 5 години пред да може да му помогне.

Мајката на Ден со гордост изјавила: „Постапката на Ден го стоплува срцето. Лудост е тоа што Брекон може да оди ако има доволно пари. Даниел не може да оди засега и тој го прифаќа тоа. Тоа мало момче треба да игра фудбал надвор на сонце со другарчињата, а не да седи дома и да ја прашува својата мајка зошто не може. Многу сум горда на Даниел.“

Брекон

Родителите на Брекон го опишуваат гестот на Ден како феноменален и велат дека бескрајно му се благодарни на хуманиот Велшанец.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12000 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.