Почетна » Новости » Занимливости » Фустанот во кој Мерилин Монро му пееше на претседателот Кенеди се продаде за 4,8 милиони долари

Фустанот во кој Мерилин Монро му пееше на претседателот Кенеди се продаде за 4,8 милиони долари

Фустанот во кој Мерилин Монро му ја испеа „Happy Birthday, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди, за неговиот 45. роденден е еден од најпознатите во историјата. Креацијата, дизајнирана од Жан Луј и украсена со 2.500 блескави камења, денес достигна вредност од 4,8 милиони долари.

Нежниот фустан беше продаден на аукција во Лос Анџелес, а купувачот е всушност музејот „Ripley’s Believe It Or Not“.

Ова е пример колку многу може да се промени вредноста на едно парче облека откако ќе биде носено од значајна личност. Оригиналната цена на фустанот била 12.000 долари.

Фустанот на Мерилин Монро

„Ние веруваме дека ова е најисконското парче од поп културата. Во 20-тиот век не можам да помислам на ниту еден друг предмет кој ја кажува толку добро приказната на 1960-тите години, како овој фустан. Ова е нов светски рекорд за фустан“ – изјавиле од музејот.

Фустанот на Мерилин Монро Фустанот на Мерилин Монро

„Овој фустан, оваа приказна, овој значаен повод претставува дефинирачки момент во историјата. Оваа аукција ќе го потсетува светот зошто Мерилин Монро останува икона“ – изјавил Мартин Нолан, директор на аукциската куќа.

Фустанот на Мерилин Монро

Ова не е единствен фустан на легендарната актерка кој се продаде за екстремно висока цена. Во 2011 година, белиот фустан кој таа го носеше во филмот „The Seven Year Itch“ се продаде за 4,6 милиони долари.

Мерилин МонроМерилин Монро во „The Seven Year Itch“

Црвениот блескав фустан од „Gentlemen Prefer Blondes“ беше продаден за 1,2 милиони долари, а нејзин костим од филмот „River of No Return“ достигна цена од 510 000 долари.

Мерилин МонроМерилин Монро во „Gentlemen Prefer Blondes“ Мерилин МонроМерилин Монро во „River of No Return“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11868 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.