Осум жени од едно семејство се омажија во истиот фустан, кој сметаат дека им носи среќа.
Имено, венчаницата била купена за само 100 долари од Адел Ларсон за нејзината свадба во 1950 година. Пренесувањето на фустанот од генерација на генерација стана традиција во нејзиното семејство и последно беше носен од Серена Стунберг во август оваа година.
Серена се фотографираше со сите жени од семејството кои досега го имаат носено фустанот. На фотографијата недостасува само Адел, која почина во 1988 година.
„Отсекогаш знаев дека сакам да го носам овој фустан во одреден дел од свадбата. Има нешто специјално во него“ - изјавила Серена.
Адел Ларсон – првата невеста која го носела фустанот. Таа се омажи во 1950 година.
Еленор Ларсон – втората невеста која го носела фустанот. Таа се омажи во 1953 година.
Шерон Ларсон – третата невеста која го носела фустанот. Таа се омажи во 1969 година.
Су Стоунберг – четвртата невеста која го носела фустанот. Таа се омажи во 1982 година.
Керол Милтон – петтата невеста која го носела фустанот. Таа се омажи во 1990 година.
Џин Милтон – шестата невеста која го носела фустанот. Таа се омажи во 1991 година.
Џули Френк – седмата невеста која го носела фустанот. Таа се омажи во 2013 година.
