Почетна » Новости » Занимливости » Фотосесија која испраќа порака до критичарите: Не им судете на родителите

Фотосесија која испраќа порака до критичарите: Не им судете на родителите

„Зошто не го доиш бебето?“ „Зошто му дозволуваш да гледа телевизија?“ „Зошто избра да се породиш со царски рез?“ Новите родители неретко добиваат коментари и критики од други лица за начинот на кој ги растат своите деца.

Револтирана од коментарите кои ги добивала од други мајки, фотографката Аби Фокс од Лас Вегас направи фотосесија за да покаже дека сите деца се сакани од родителите и сè додека тие се здрави и среќни, не треба да го осудуваме начинот на кој родителите одлучиле да се грижат за нив.

На фотографиите се прикажани насмеани дечиња кои позираат покрај табли на кои се испишани пораки наменети за критичарите.

ДецаМоите родители имаат работа со полно работно време, а мене ме чува дадилка ДецаНие ги имаме примено сите вакцини ДецаЈас веќе гледам телевизија ДецаНие сме родени со царски рез по избор ДецаНашата мајка консумираше кофеин додека беше бремена со нас ДецаЈас сум хрането со адаптирано млеко по избор ДецаЈас сум доена до 2-годишна возраст

„Во овој свет на технологија, во кој ние минуваме многу време на Facebook и на групи за мајки, се соочуваме со едно големо нешто секој ден... осудување на мајките. Луѓето ги превртуваат очите и велат дека тоа повеќе не се случува, но тоа постои и може да биде брутално. Кога за првпат станав мајка, плачев за нештата кои луѓето ми ги велеа, а најголемите виновници беа другите мајки. Секој ден се прашувам: 'Зошто ние едноставно не се поддржуваме?'. Ако нашите деца се здрави, среќни и просперитетни, зошто да се грижиме дали нашите родителски стилови се различни? Да, има нешта кои јас лично никогаш не би ги направила поради моите верувања, но знам и дека постојат нешта кои јас ги правам со моите деца, а од кои моите пријатели се згрозени. Сите ние даваме сè од себе за да ги одржуваме овие мали човечиња живи, додека истовремено се обидуваме да го зачуваме нашиот здрав разум.“

„Сите ние сме различни родители и треба да сфатиме дека секој од нас е растен различно, има различни вредности и различни нешта кои ни се важни. Треба да шириме малку повеќе љубов“ – стои во нејзиниот пост.

ДецаЈас се родив дома ДецаЈас јадев домашно приготвена бебешка храна ДецаМајка ми не ме принудува да ја јадам приготвената храна ако не ја сакам ДецаМајка ми сè уште седи на задното седиште со мене ДецаИмам телевизор во мојата соба ДецаЈас се школувам дома ДецаСè уште седам свртена наназад во седиштето во автомобилот ДецаМајка ми го користеше методот „плачи дури да заспиеш“ ДецаМајка ми продолжи да тренира КросФит додека беше бремена со мене ДецаЈас пиев мајчино млеко од шише до една година ДецаМајка ми трчаше маратони додека беше бремена со мене ДецаМајка ми ми дозволува да имам напади на бес ДецаЈас бев роден со царски рез ДецаНие сме толку многу зафатени, што сите вечераме во различно време неколкупати неделно ДецаЈас имам iPhone ДецаНашата мајка не работи ДецаМајка ми за мене користи модерна медицина ДецаМајка ми ми ставаше ремче поради моја безбедност ДецаЈас одам во приватно училиште

„Ние сме сакани“ – е пораката на заедничката фотографија.

Деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26142 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.