Почетна » Новости » Занимливости » Фотографка со пример покажува зошто гостите не треба да фотографираат на свадбите, туку да уживаат во моментите

Фотографка со пример покажува зошто гостите не треба да фотографираат на свадбите, туку да уживаат во моментите

Фотографка со порака ги замолува гостите да престанат да фотографираат со телефоните на свадбите и да уживаат во моментот.

Хана Стенли ја напиша објавата на Facebook откако нејзините фотографии од важен момент на свадбата биле уништени од гостинка со iPhone. Имено, додека невестата чекорела кон олтарот со татко си, Хана се обидувала да го овековечи моментот, но една од гостинките ѝ влегла во кадар фотографирајќи со мобилен телефон.

Еве ја нејзината порака во целост:

Свадба

До девојката со iPhone-от:

Не само што ми ги уништи фотографиите, туку им го одзеде овој момент на зетот, невестата и таткото на невестата. Што точно планираш да правиш со таа фотографија? Биди искрена. Дали ќе ја испечатиш? Ќе ја зачуваш? Ќе ја гледаш секој ден? Не. Нема. Но, мојата невеста ќе ја испечатеше оваа фотографија, често ќе ја гледаше и ќе се сеќаваше на моментот кога нејзиниот татко ја испрати до олтарот на нејзиниот свадбен ден. Но, наместо тоа, ти сакаше да направиш фотографија со твојот iPhone, блокирајќи го мојот поглед и правејќи фотографија која нема да ја користиш.

Гости, ве молам престанете да ги гледате свадбите на кои присуствувате преку екран. Исклучете го вашиот телефон и уживајте во церемонијата. Вие им сте важни на зетот и невестата, немаше да бидете присутни доколку не им бевте. Па затоа ве замолувам, оставете ме да си ја работам мојата работа, а вие седнете, релаксирајте се и уживајте во овој момент кој се случува еднаш во животот.

Објавата на Хана поттикна лавина од коментари. Но, додека едни ја поддржуваат и сметаат дека гостите не треба да фотографираат со мобилните телефони на свадбите, други се категорични дека работа на фотографот е да ги заобиколи таквите гости и да пронајде добар агол за фотографирање, а пак трети пак велат дека свадбата е голем момент и за роднините и дека тие сакаат да имаат спомен од моментот.

Свадба Свадба ХанаХана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.