Почетна » Новости » Занимливости » Фотографка одби да овековечи раѓање со царски рез зашто тоа „не било породување“, колегите ѝ возвратија со моќни фотографии

Фотографка одби да овековечи раѓање со царски рез зашто тоа „не било породување“, колегите ѝ возвратија со моќни фотографии

Пред неколку дена, веста за фотографка која одби да фотографира породување со царски рез стана хит тема меѓу мајките и професионалните фотографи. Нејзиниот изговор бил дека „операцијата не е породување“.

Кога една мајка ја контактирала за да ја ангажира, фотографката ѝ вратила: „Операцијата не е раѓање драга моја. Ти не раѓаш. Ти прават операција за да го отстранат бебето од твојата утроба. Тоа не е породување, независно од тоа како го извртуваш и јас не сакам да го фотографирам тоа. Ако решиш да влезеш во мајчинството од самиот почеток и вистински да родиш, извести ме и ќе закажеме термин. Мајчинската работа е тешка. Да бев на твое место ќе размислев двапати за зафаќање со ваква работа со барање на пократкиот пат.“

Царски рез

Професионалните фотографи, кои ги овековечуваат интимните моменти на раѓањето нов живот, веднаш ја осудија таквата изјава и изразија почит кон сите мајки, без разлика на начинот на кој ги родиле своите деца.

За да ја покажат силата на мајките кои раѓаат со царски рез, од сајтот „Birth Becomes Her“ ги замолија своите членови да им ги испратат своите најдобри фотографии од породувања со царски рез.

Царски рез Царски рез Царски рез

„Сите ги видовме разменетите пораки кои се вртат на интернет неделава. Слободно можам да кажам дека фотографите ги обожаваат приказните за раѓање со царски рез. Мајките кои раѓаат со царски рез се едни од најхрабрите и најсилни жени кои ги познаваме.“

„Во моментите кои водат до операција, мајката која раѓа мора да се држи за силната и жестока љубов кон своето бебе. Некои жени имаат недели да се подготват за царскиот рез, но некои имаат само часови или минути. Одеднаш, сè што таа си замислувала за средбата со своето дете, се менува. Како човечки суштества, ние не се справуваме добро во ситуации на ненадејна промена. И покрај тоа, овие храбри мајки наоѓаат начин да се поврзат со внатрешната сила која им овозможува да влезат во операционата сала и да го родат своето дете“ – пишуваат од сајтот.

Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез Царски рез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.