Почетна » Новости » Занимливости » Фотографиите од породување на паркинг станаа вирален хит

Фотографиите од породување на паркинг станаа вирален хит

Кога бебето ќе одлучи дека сака да излезе од мајчината утроба, не бира ниту време, ниту место. Во Јужна Флорида мајка се породи на болничка количка на паркинг пред болница.

Драматичниот момент на раѓањето на малата Сиена бил овековечен од фотоапаратот на Емили Робинсон. Веднаш по објавувањето, фотографиите станаа вирален хит, бидејќи покажуваат невоздржани емоции кои ги обземаат сите нови родители.

Породување Породување Породување Породување Породување Породување

„Тоа беше најбрзото, најневеројатното, прекрасно и бурно породување кое сум имала чест да го документирам“ – пишува фотографката на својот блог.

Мајката Ејми Бет Каварета знаела дека ќе има лесно породување, затоа што имала брзо породување со првата ќерка, но воопшто не очекувала дека сè ќе мине толку брзо. По 25-минутно патување од домот до болницата, бебето започнало да излегува пред Ејми да влезе во болницата. Породувањето го извела медицинска сестра.

„Беше толку нереално. Не можам да поверувам дека сè се случи толку брзо“ – изјавил пресреќниот татко Џо.

На фотографиите по породувањето се гледа вистинската среќа на родителите и на гордата поголема сестра која ја држи новородената Сиена.

Породување Породување Породување Породување

Емили била ангажирана од Ејми и Џо за да го сними породувањето. Сè повеќе родители во САД ангажираат професионални фотографи со цел да го снимат доаѓањето на свет на нивните деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.