„Колку е специјално да можеш да се навратиш и да го погледнеш моментот кога за првпат го држеше своето дете. Речиси можеш да се сетиш на неговата топлина на твојата кожа, на неговите очи стари само неколку минути како зјапаат во тебе, на тоа како вашите стомаци се движат во хармонија и на како длабоко се заљубуваш“ – пишува фотографката Криста Еванс, која често ја ангажираат да ги улови емотивните први средби на родителите со нивните бебиња.
Раѓањето на нов живот е секогаш уникатно и емотивно искуство, но постои нешто магично во првата средба на татковците со своите малечки. Нежноста, гордоста и насмевката која инстантно се разлева на нивното лице ги прави тие моменти уште поубави.
Еванс е доста успешна во „замрзнувањето“ на првите средби меѓу татковците и новороденчињата. Погледнете дел од нејзините фотографии кои ќе ве обземат со позитивни емоции:



















