Шон Ван Дејл е фотограф со многу благородна мисија. Тој ги претвора во реалност фантазиите на мали херои, дечиња кои на почетокот на животот се соочиле или сѐ уште се соочуваат со сериозни здравствени проблеми.
37-годишниот Канаѓанец преку проектот „Drawing Hope“ не само што ги радува децата и нивните семејства, туку и ја подигнува свеста на јавноста за одредени болести и ја потенцира важноста на донирањето органи.
Рајли, која стана кралица на срцата и јаваше еднорог, кога имала 7 месеци била спасена благодарение на трансплантација на срце.

Само 34 дена по раѓањето, Марко добил ново срце со трансплантација, а на 4-годишна возраст извојувал тешка битка против рак.

Доминик е роден со Даунов синдром, а страда и од проблеми со срцето и повторувачка пневмонија.

Травис, кој пред пет години го изгубил видот, опишал како сака да изгледа неговиот цртеж.

Седи страда од ретка болест поради која не може да излезе на сонце незаштитена.

Ченс се бори со ретка форма на леукемија.















