Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Јапонец направи златна новогодишна елка вредна $2.000.000

ФОТО: Јапонец направи златна новогодишна елка вредна $2.000.000

Насекаде низ светот започна празничното украсување по повод божиќните и новогодишните празници. Јапонецот Гинза Танака реши да се приклучи во празничната еуфорија со изработувањето на елка која несомнено привлекува внимание.

Танака, кој е познат по изработувањето на скап и раскошен накит, направил елка од чисто злато, тешка 12 килограми. Декорирана со златни ленти и 60 украси во форма на срце, луксузната елка чини околу 1,95 милиони долари.

Златна елка

Сјајната елка висока 2,3 метри ќе биде изложена до 25 декември во Токио.

Златна елка

Иако златната новогодишна елка има превисока цена, таа воопшто не може да се доближи до цената на најскапата новогодишна елка кога било направена. Минатата година во луксузен хотел во Абу Даби беше претставена елка украсена со дијаманти, сафири и други скапоцени камења, вредна 11 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.