Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Најскапата новогодишна елка на светот

ВИДЕО: Најскапата новогодишна елка на светот

За време на новогодишните и божиќните празници, хотелите и рестораните низ светот прават сè што е во нивна моќ за да привлечат што повеќе гости.

Еден луксузен хотел во Абу Даби успеа да го привлече вниманието на светската јавност со поставувањето на она што се верува дека е најскапата новогодишна елка во светот.

Најскапата елкаНовогодишната елка чини 11 милиони долари

За да успеат да направат елката да чини неверојатни 11 милиони долари, од хотелот ја украсиле со вистински накит со дијаманти, сафири и други скапоцени камења. Така на елката, освен златни и сребрени традиционални лампиони, висат и скапи ланчиња и белегзии. На луксузната елка се поставени точно 181 дијаманти, бисери, смарагди, сафири и други скапоцени камења.

Елката ќе биде пријавена во Гинисовата книга на рекордите за да се утврди дали навистина е најскапата елка некогаш поставена.

Emirates Palace, којшто ја има 12 метри високата елка, е истиот хотел кој го постави и првиот „златомат“ (банкомат од кој наместо пари можете да вадите картички злато).

Најскапата новогодишна елка – ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.