Ники Хилтон го покажа станот во Њујорк, во кој живее со сопругот Џејмс Ротшилд и ќерките Лили и Теди.

Богатата наследничка на империјата Хитон го покани тимот на Architectural Digest во шармантниот дом и истакна дека најмногу уживала додека ја подготвувала детската соба.
„Многу се забавував уредувајќи ја оваа соба. Повторно го оживуваш детството со сите нешта кои си ги сакала: мачиња и зајчиња и принцези“ - рекла таа.








Ники, која се породи во декември, ја сподели и првата фотографија од новороденчето.