Пол и Хајди Белас си го кажаа судбоносното ДА облечени како Шрек и Фиона од познатиот анимиран филм. 42-годишниот младоженец си го обоил и лицето со зелена боја за да може што повеќе да наликува на измислениот лик.

Неговата избраничка пак си ја обоила кожата по свадбената церемонија, на која и гостите биле маскирани во филмски ликови.

Четиригодишниот син на парот од Џерзи бил облечен како Магарето, најдобриот пријател на Шрек, додека останатите гости се преобразиле во ликови како Мачорот во чизми, Бела и Ѕверот итн.



Идејата за свадбата парот ја добил додека со малиот син Лео го гледале филмот Шрек.



„Шрек и Фиона ја портретираат вистинската љубов. Не е важно што си, кој си или како изгледаш, љубовта може да дојде кај секого“ – изјавил Пол за BBC.

