Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Чудесната цветна градина во Дубаи

ФОТО: Чудесната цветна градина во Дубаи

Дубаи е домот на некои од најскапите и највпечатливите чуда на архитектурата, а од минатиот месец стана дом и на најубавата и најголемата природна цветна градина во светот.

Иако тоа не е локацијата на која би очекувале да „никне“ најголемата цветна градина поради пустинската почва, кога се знае дека Дубаи редовно се поврзува со суперлативи и неочекувани мега проекти, воопшто не е за чудење што токму таму „израсна“ овој рај за очите. Со оглед на пустинската земја, името „Dubai Miracle Garden“ е соодветно избрано.

Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи

На површина од 72.000m2 се засадени 45 милиони цвеќиња, кои формираат срца, пирамиди, ѕвезди и слично.

Туристичката атракција се очекува да привлекува околу милион посетители годишно. Оние кои ќе решат повеќепати да ја посетат волшебната градина, секогаш ќе имаат ново доживување, затоа што цвеќињата и декорациите ќе бидат менувани секоја година.

Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи

Во градината се наоѓа и долг ѕид од цвеќиња, којшто би требало да го надмине досегашниот рекорд во Гинис за најдолг цветен ѕид.

Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи Цветната градина во Дубаи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.