Престижната компанијата за накит „Graff Diamonds“ создаде екстравагантна „фризура“ со накит вреден неверојатни 500 милиони долари.

Новото дело на компанијата е всушност модерна и полуксузна верзија на фотографијата „Hair & Jewel“ со која Лоренс Граф привлекол огромно внимание во 1970 година.
Лоренс пред повеќе од 40 години објавил фотографија на која во косата на модел бил поставен накит од еден милион долари. Фотографијата го обиколила светот и го зголемила љубопитството на богаташите со длабоки џебови.

За да ја прослави 60-годишнината од влегувањето во бизнисот со накит, Граф одлучил да ја надмине оригиналната дијамантска креација и овој пат во косата на Далија Гантер биле поставени 22 парчиња накит кои ги вклучуваат некои од најретките и највредните дијаманти на светот.
Со новиот проект од компанијата очигледно укажуваат на огромниот напредок кој го направиле во индустријата за дизајнирање, производство и продажба на врвен накит.