Шонтел Данкан привлекуваше големо внимание со својот фит изглед за време на двете свои бремености. Нејзиното тонирано тело е резултат на напорните тренинзи кои таа ги практикуваше до деветтиот месец од бременоста за да го одржува своето тело во завидна форма.
Фит ѕвездата сподели фотографија од тонираниот стомак само една недела по раѓањето на второто дете и покажа дека изгледа фантастично.



Покрај пофалбите, Шонтел добиваше и многу критики заради што вежбаше со тегови додека беше во поодмината бременост од лица кои сметаат дека тоа не е безбедно за бебето. Таа здраво момче тешко 3,8 килограми и докажа дека не правеше ништо што може да му наштети на нејзиното бебенце.


Данкан, која има над 600.000 следбеници на Instagram, цели да покаже дека секоја бременост е уникатна и различна, како што е различен и изгледот на новите мајки.
Како и за првото дете, така и за второто, Шонтел се породила со царски рез.


Видео од фитнес тренингот на Шонтел во 9. месец од бременоста
Нејзиното прво дете исто така се роди со здрава тежина од 3,5 кг.