Почетна » Новости » Занимливости » Фит трудница која вежба со тегови и во 9. месец од бременоста мами комплименти на Instagram

Фит трудница која вежба со тегови и во 9. месец од бременоста мами комплименти на Instagram

Додека некои жени имаат комплицирана бременост и не можат глава да кренат од вртоглавици и гадење, други се трудат да останат максимално физички активни во текот на целата бременост.

Една од нив е Шонтел Данкан. Трудницата, која вежба со тегови и во деветтиот месец од втората бременост, доби море од пофалби за својот фит изглед, од жени кои ја нарекуваат „вистинска инспирација“.

28-годишната Австралијка е ѕвезда на Instagram и досега има над 600.000 следбеници.

Шонтел Данкан Шонтел Данкан

„Неверојатна си“,„Ако требаше да доделам награда, таа ќе завршеше во твои раце, бидејќи ти си неверојатна личност. Дури луѓе кои не се бремени не можат да го направат тоа што ти го правиш“, „Прекрасно! Дефинитивно треба да се гордееш со себе!“, „Правиш да се чувствувам како мрзлив кит“,„Среќна сум што растам во ера со фит мајки кои докажуваат дека тоа е ВОЗМОЖНО“ и „Ти си вистинска инспирација“ – се дел од позитивните коментари кои Данкан ги добива преку социјалните мрежи.

Видео од фитнес тренингот на Шонтел во 9. месец од бременоста

Шонтел Данкан Шонтел Данкан Шонтел Данкан

Шонтел за околу 4 недели ќе го роди своето второ дете. За време на првата бременост таа се соочи со бројни критичари, кои се расфрлуваа со коментари од типот „твоето бебе ќе биде мало“ или „тоа што го правиш не е безбедно за бебето“. Сепак, Данкан продолжи да тренира тајландски бокс до 39. недела од бременоста.

Нејзиното прво синче се роди здраво и тешко 3,5 килограми.

Лево: Џеремаја Томас Десно: Шонтел во деветтиот месец од бременостаЛево: Нејзиното синче Џеремаја Томас Десно: Шонтел во деветтиот месец од првата бременост

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.