Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Трансформација на мајка на три деца која тежела 102 кг, а сега има само 56 кг

ФОТО: Трансформација на мајка на три деца која тежела 102 кг, а сега има само 56 кг

Мајка, која тежела 102 кг по раѓањето на своето трето дете, успеала да намали 46 кг откако целосно го променила нездравиот и неактивен начин на живот.

Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс

Сара Рејнолдс од Онтарио никогаш не внимавала на својата исхрана, бидејќи пред да стане мајка, немала големи проблеми со тежината. За неа, храната била само храна, а напишаното на етикетите било сосема неважно.

Но, по раѓањето на третото дете, килограмите започнале да ѝ влијаат на самодовербата. 31-годишната Американка започнала да ги избегнува пријателите и не сакала да облече костим за капење. Поради тоа, пропуштала скапоцени моменти од детството на своите малечки.

Сара одлучила да го подобри својот изглед откако била означена на фотографија на Facebook која ѝ ја покажала реалната слика за нејзиниот изглед. Иако и многупати претходно таа сакала да направи промени, тој момент ѝ бил решавачки.

Сара РејнолдсЛево: Фотографијата која ја поттикна Сара на промени / Десно: Сара сега Сара РејнолдсСара фотографирана секое лето во последните 3 години Сара РејнолдсЛево: Сара пред 6 години / Десно: Сега Сара Рејнолдс

„Тогаш, тој ден, тој голем ден промени сè. Фотографија од мене беше објавена на Facebook. Тоа беше најголемиот повик за будење во мојот живот. Брзо ја отстранив ознаката од фотографијата. Доволно беше. Не сакав да се сретнам со пријателите, пропуштав моменти од детството на моите деца и не можев да ја поднесам реалноста од сопствениот изглед“ – пишува таа на својот сајт.

Малку по малку, 31-годишната Американка која никогаш претходно не внимавала на својата исхрана и на физичката активност, започнала да ги брои калориите и да внимава колку внесува во текот на денот.

„Започнав да се едуцирам себеси за нутриционизам и добри навики на исхрана. И започнав да трчам. Одлучив да трчам 5 вечери во неделата по 1,5 километар. Првиот километар за малку ќе ме убиеше... Но, се чувствував добро. Повеќе не бев лута и бесна на моето тело, бидејќи активно правев нешто за да го променам тоа“ – вели Сара, која признава дека има вишок кожа на стомакот и многу стрии поради трите бремености и големото слабеење.

Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс

Со помош на приказни од инспиративни личности кои веќе го имале изминато нејзиниот пат, решителната мајка започнала да вежба дома и да ги вклучува децата во своите тренинзи. „Тие сакаат да бидат дел од моите тренинзи и сум горда што тие го гледаат како приоритет моето вежбање секој ден. Сакам да им бидам пример“ – пишува таа.

Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс Сара Рејнолдс

„Мојата приказна не е само за слабеењето. Тоа е приказна за трансформација на умот, телото и душата. Едното без другото не можат“ – смета Сара, која сака да инспирира други родители да живеат поздрав начин на живот, не само за нив, туку и за нивните деца.

Сара Рејнолдс

„Сакам да им порачам на мајките дека заслужуваат да живеат поздраво. Голема е веројатноста и да станат подобар родител поради тоа. Јас имам повеќе енергија одошто сум имала некогаш. Сè што правам јас за мене, се одразува и на нив. Тие гледаат и учат“ – порачува Сара и тврди дека сега не само што има поголема самодоверба и енергија, туку и е поздрави и посилна отсекогаш.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.