Раѓањето на секое бебе е вистинско чудо на природата. Во тие незаборавни моменти, кога сите погледи се насочени кон мајката и малото бебенце, фотографот Дејвид Јанг го свртил својот фотоапарат кон новите татковци.
Во периодот од 23 до 26 април тој престојувал во лондонска болница каде фотографирал мажи, и тоа само неколку минути по раѓањето на нивните деца. Нивните спонтани и природни реакции кријат најразлични емоции – возбуда, радост, страв, збунетост.
Подоцна секој од татковците бил замолен да каже по еден совет или порака за своето дете. Еве го резултатот:













