„The Family“ е интересен проект на фотографот Зед Нелсон кој покажува колку многу луѓето се менуваат во текот на годините. Во 1991 година Зед фотографирал мало семејство со идејата да ја „пресоздава“ истата фотографија секоја година.
„Жената на мој пријател беше бремена и јас добив идеја да ги фотографирам заедно на истиот ден секоја година... Секоја година, во истото време, пред истата позадина, со истото осветлување“ – опишува тој.
Фотографиите го следат растењето на малото бебе и стареењето на неговите родители од 1991 до 2012 година.





















