Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Србинка создава уникатни рачно насликани хулахопки

ФОТО: Србинка создава уникатни рачно насликани хулахопки

Млада артистка од Србија ги користи хулахопките како платно за сликање и создава уметност која можете да ја носите на вашите нозе.

Јована Стојановиќ го користи својот талент за сликање за да создаде неповторливи дизајни на хулахопки кои ќе ја издвојат од толпата личноста којашто ги носи. Јована заедно со својата сестра Кана го создале брендот Movanas со идеја да креираат уникатен моден стил.

Movanas Movanas Movanas Movanas

„Идејата е да создадеме различен и уникатен стил, во кој дури и најмалите модни додатоци, како хулахопките, ќе можат да раскажат приказна. Носењето на уметничко дело ја прави личноста забележлива и многу специјална“ – вели Кана.

Јована ја започнала својата работа сосема случајно додека се обидувала да си претстави како ќе изгледа одреден дизајн на нејзината нога. На почетокот, креативната Србинка ги разубавувала хулахопките само за себе, подоцна и за пријателките и така се раширил нејзиниот пазар.

Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas

Инспирација Стојановиќ пронаоѓа во природата, соништата и светот што ја опкружува. Сепак, процесот на сликање не е толку едноставен затоа што при определени мотиви потребно е еден слој да се исуши за да се продолжи со следниот. „Некои комплексни модели се изработуваат и со недели“ – објаснува сестра ѝ Кана.

Бојата со која Јована слика на хулахопките е водоотпорна.

Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas Movanas

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11530 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.