Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Парализирана сликарка создава уметнички дела со помош на својата уста

ФОТО: Парализирана сликарка создава уметнички дела со помош на својата уста

Животот не е патека послана со рози, не е трка без пречки и не е низа од прекрасни соништа. Животот често знае да нè боцне со своите трња, да постави високи пречки пред нас и да ни го уништи најубавиот сон.

Мерием Фатима Паре е силна, инспиративна жена која ќе ве убеди дека без разлика на сè, никогаш не треба да се откажувате од она што го сакате. 38-годишната сликарка, која пред 18 години останала парализирана, сега вешто ја движи четката со својата уста и воодушевува со своите уметнички дела.

Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре

Мерием обожавала да слика уште од мали нозе и продолжила да го негува својот талент во тинејџерските години, мечтаејќи дека еден ден ќе има успешна уметничка кариера. За жал, кога имала 20 години, била погодена од залутан куршум.

Додека возела со автомобил, Паре била погодена од куршум во горниот дел од грбот. Куршумот не само што трајно ја парализирал од половината надолу, туку и значително ги ограничил движењата на нејзините раце. Инцидентот засекогаш ѝ го променил животот на младата девојка.

На почетокот Паре постојано размислувала за повредата и била исполнета со лутина. Никој не бил уапсен за пукањето, но таа сакала да дознае кој ѝ го украл нормалниот живот. „Порано бев многу лута. Порано бев опседната со тоа. Сакав да го пронајдам лицето и да му покажам што му направи на мојот живот“ – изјавила таа. Но, потоа сфатила дека не треба да живее во минатото и дека треба да се насочи кон иднината.

Одбивајќи да се предаде и да ги остави своите мечти зад себе, со помош на сестрите во центар за рехабилитација, Паре научила како да држи молив со својата уста за да го напише своето име. Тоа било само почетна точка на нејзиното ново патување.

Набрзо таа сфатила дека може да го контролира и движењето на четката. По осумгодишно тренирање Мерием ја усовршила својата нова техника на сликање, иако вели дека сè уште има што да учи.

Со огромна посветеност, таа повторно започнала да слика, но овој пат не со своите раце, туку со помош на устата и забите.

Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре Слики на Мерием Фатима Паре

Денес Паре е дел од Здружението на артисти кои сликаат со уста и стапала и работи како успешна сликарка, но верува дека сè уште не го создала своето ремек-дело.

„Како уметник секогаш се прашуваш какво ќе биде твоето ремек-дело. Мислам дека сè уште не сум го создала своето ремек-дело“ – вели Мерием во видеото посветено на нејзината уметност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11425 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.