„La La Land“ не само што собира сè повеќе и повеќе награди, туку и освојува сè повеќе и повеќе романтичари.
За својата свршувачка, Елен Влеклински и Кори Колинс одлучија да ги пресоздадат познатите љубовни сцени од мјузиклот со 14 номинации за Оскар. Дел од фотографиите од романтичната фотосесија се направени во опсерваторијата Грифит, каде се снимани дел од сцените на „La La Land“.






„Односот меѓу Елен и Кори ја доловува истата романса, страст, игривост и хемија која се чувствува меѓу Миа и Себастијан во филмот“ – рекла фотографката чие дело се фотографиите.
Парот ќе стапи во брак во септември оваа година.









