Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Очекувала тројка, но неочекувано родила и четврто девојче

ФОТО: Очекувала тројка, но неочекувано родила и четврто девојче

Откако Кимберли Фугејт непланирано забременила, се надевала да добие здраво братче или сестриче за својата 10-годишна ќерка. Првото изненадување кое го добила во текот на бременоста било што дознала дека ќе роди тројка.

Кимберли и нејзиниот сопруг Крег се подготвувале за значително проширување на семејството, но не ни помислувале дека ги очекува уште едно големо изненадување.

За време на породувањето со царски рез, докторите сфатиле дека го погрешиле бројот на бебиња. Откако дошле на свет три мали девојчиња, се појавило уште едно мало бебенце кое останало незабележано за време на прегледите со ултразвук.

„Тие ги извадија трите и рекоа: Уште нозе... Само тоа го слушнав и реков: Неее“ – раскажала Кимберли која се породила еден ден пред да наполни 42 години.

Кимберли ФугејтКимберли Фугејт со едно од бебињата Кимберли и Крег ФугејтКимберли со сопругот Крег

Четирите девојчиња се сè уште во болница во Мисисипи. Нивната здравствена состојба е добра со оглед на тоа што биле родени 13 недели предвреме. Среќните родители се надеваат дека во мај ќе можат да ги однесат сестричките дома.

Четирите девојчиња

Докторите изјавиле дека Кимберли забременила природно и дека многу ретко се случува да се роди идентична четворка, особено без вештачко оплодување.

„Не планирав да имам друго дете, но детето е благослов од Бог. Се чувствувам како Бог навистина да ме благословил“ – изјавила гордата мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25456 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.