Кели Крифко тежела околу 105 килограми кога била осмо одделение, но благодарение на силната волја и решителноста сега е една од кандидатките за титулата Мис Тексас.
23-годишната Американка некогаш била нарекувана „дебелата девојка“ од страна на нејзините соученици, но тоа само ја мотивирало да си го подобри животот. Неодамна таа била прогласена за Мис Јужен Тексас, а нејзиниот сон е да стане Мис Америка.

Кога тежината ја надминувала стотката на вагата, Крифко се чувствувала потиштено и отфрлено, ѝ било многу тешко да се спријателува, а исто така и не можела да се вклучи во многу училишни активности. Во еден момент таа собрала храброст да покани момче за да одат заедно на училишна забава, но веднаш добила негативен одговор.
Крифко вели дека нејзиното слабеење не е резултат на магична диета или скапи фитнес програми. Таа повремено правела мали промени во начинот на живот кои ѝ помогнале да се ослободи од вишокот килограми. На почетокот се откажала од омилениот сок, потоа малку по малку се откажувала од брзата храна и редовно вежбала.

Сега таа го користи своето искуство за преку својот блог да мотивира и други лица кои се борат со килограмите. „Навистина е важно да си најдете време за да се сакате себеси и да си давате комплименти. Дозволете си да се чувствувате добро во сопствената кожа“ – вели таа.

