Џесика Трин ги обожава животните, а кучињата ги смета за свои најдобри пријатели, па тие се и во фокусот на нејзините неодоливи фотографии.
19-годишната девојка пред неколку години започнала да ги фотографира своите миленици и набрзо нејзините фотографии започнале да привлекуваат голема публика. Тогаш таа го започнала проектот „Let It Rain Love“ во рамките на кој фотографира кучиња кои живеат во засолништа и на кои им е потребен нов дом.
„Сакав кучињата од шинтерница да изгледаат убаво за јавноста, а не да бидат само тажни кучиња зад решетки“ – објаснила таа.
Погледнете дел од фотографиите на младата фотографка.





























