Кога Дороти и Доналд Лац си го кажале судбоносното „Да“ пред 61 година, фотографот ги извисил и нивната свадба била овековечена само со една фотографија.
Па, кога се наближила нивната шеесет и прва годишнина, Лорен Велс точно знаела што би бил идеален подарок за бабата и дедото на нејзиниот сопруг – заедничка фотосесија. Таа организирала неодолива фотосесија инспирирана од филмот „Up“.
Фотографиите ја отсликуваат љубовта која парот ја негувал повеќе од шест децении. „Тие никогаш ги немаат извадено бурмите и останаа најдобри пријатели“ – пишува Лорен на блогот Style Me Pretty.









