Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Нема да ви се верува дека оваа жена има 64 години

ФОТО: Нема да ви се верува дека оваа жена има 64 години

Тешко е да се поверува дека оваа жена чекори низ седмата деценија од животот.

Венди Ида е супер баба која не дозволува годините да го диктираат нејзиниот изглед и често е сметана за сестра на својата ќерка. Очигледно е зошто.

Венди Ида Венди Ида Венди Ида Венди Ида

64-годишната мајка и баба на три внуци започнала да вежба на возраст на која многу жени се сметаат себеси за престари за физичка активност. На 43 години Ида ставила крај на врска исполнета со насилство, но како последица на неа, имала ниска самодоверба.

„Сакав да си ја исчитам главата, а вежбањето беше излезот. Не мислев дека ќе ја преживеам таа врска, но кога ја преживеав, сфатив дека морам нешто да променам“ – вели таа.

Ида, која вежба по два часа на ден, имала 88 килограми кога започнала со физичката активност, а сега, 21 година подоцна, има 57 килограми и е во најдобрата форма во својот живот.

„Пресреќна сум со мојата фигура. Ова е правилната големина за мене. Ова е мојата идеална тежина. Совршена е за мене. Се чувствувам добро. Имам 64 години и сум во најдобрата форма во мојот живот“ – вели Ида и додава дека луѓето не ѝ веруваат кога ќе им каже колку години има. „Кога ќе им кажам на луѓето колку години имам, тие не ми веруваат и бараат да ја видат мојата возачка дозвола“ – вели таа.

„Кога сум излезена со мојата ќерка Скај луѓето мислат дека сме сестри. Тоа се случува многу често. Со насмевка им ја раскажувам на луѓето мојата приказна и им велам дека и тие можат да го направат тоа“ – објаснува Венди.

Венди ИдаВенди со 41-годишната ќерка Скај Венди ИдаВенди со ќерка си пред слабеењето Венди Ида Венди Ида

Но, патот до одличниот изглед не бил лесен за Венди. По крајот на насилната врска таа имала многу ниска самодоверба и нејзиното семејство не верувало дека таа може да ослаби. „Одев во фитнес сала, но чувствував како вагата да е расипана, бидејќи килограмите само се зголемуваа. Тогаш, мојот тренер ми рече дека гледа потенцијал во мене“ – објаснува таа.

Ида вели дека промената не дошла преку ноќ, но дека била упорна и не се откажала од својата цел. Упорноста се исплатила кога Ида започнала да губи тежина и да добива сè поизразени стомачни мускули. По интензивни фитнес тренинзи и часови по хип-хоп и салса, Ида започнала да се занимава со бодибилдинг и го прави тоа до ден денес.

Венди Ида Венди Ида Венди Ида

Кога имала 57 години, таа учествувала на натпревар во бодибилдинг и понела дома три трофеи – второ место во категоријата „Жени над 18 години“, второ место во категоријата „Жени над 35 години“ и прво место во категоријата „Жени над 45 години“. Во 2012 години Ида се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најстара активна инструкторка, за во годините кои следуваа да сруши уште неколку Гинисови рекорди.

Венди Ида Венди Ида

Инспиративната бодибилдерка сака да им помогне и на другите жени да се чувствуваат самоуверени и секси независно од возраста. „Возраста не е фактор. Не дозволувајте да ве запре, бидејќи можете да бидете подобри од тоа. Јас го знам тоа, сум го искусила и знам дека може да биде повторено од други жени“ – вели самоуверената баба.

„Вежбањето ми помогна да си ја вратам самодовербата, а потоа јас започнав да им помагам и на други жени. Кај мене доаѓаат жени без самодоверба и ми кажуваат дека сум им последната надеж. Срцето ми се кине. Години подоцна, тие ќе дојдат кажувајќи ми колку се среќни и колку се променил нивниот живот. Ми велат дека сум инспиративна, но тие мене ме инспирираат и ме поттикнуваат да продолжам понатаму“ – вели Ида.

Венди Ида Венди Ида Венди Ида

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.