Австралијка стана вирален хит. Нејзините свадбени фотографии забрзано кружат на интернет поради невообичаената венчаница.
Следејќи ги своите желби, 25-годишната блогерка го изговори судбоносното „Да“ во уникатен црн фустан, а нејзиниот изглед одушеви милиони лица.


„Ако конкретно ме прашате зошто носев црно на мојот свадбен ден, можам да ви одговорам само најискрено и најдиректно – затоа што сакав. Црното е класика. Црното стои добро на секого. Храбро е, секси и дрско“ – пишува смелата Софи.


Всушност, сопругот на Софи, знаејќи колку многу таа обожава да носи црна облека, ѝ предложил да носи црна венчаница уште кога се вериле.


„Не гледавме поента во тоа да правиме нешто традиционално, бидејќи така едноставно не би биле ние. Организиравме изненадна свадба со изговор дека правиме роденденска забава за мојот 25-ти роденден. Па така, нашата свадба едноставно беше една голема забава“ – раскажува таа.
Венчаницата е дело на креаторот Антони Монтесано од брендот Signor Mont.












