Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Неверојатни трансформации поради големо слабеење

ФОТО: Неверојатни трансформации поради големо слабеење

Списанието People во своето издание „Look Great, Feel Good in 2012“ вклучи категорија „Half Their Size“. Во оваа категорија им беше оддадено признание на жени кои направиле неверојатни трансформации преполовувајќи ја својата тежина. Сите тие без трикови, операции или таблети за слабеење, успеале да ослабат преку здрава исхрана и вежбање.

Бри Бојс

Некогаш: 106 килограми

Пред пет години Бри ја достигната својата најголема тежина поради лошиот начин на исхрана. Преку консумирање на поздрава исхрана и со поддршка на своето семејство, Бри ослабела 51 килограм, по што ја освои титулата Мис Јужна Каролина. Таа беше една од учесничките на Мис Америка 2012.

„Научив дека ако станам здрава личност, можам да ги постигнам целите кои си ги имам поставено во животот. Дефинитивно ми требаше драстична промена. Не стануваше збор за држење на брза диета. Со години не успевав во таквите обиди. Луѓето секогаш бараат брзо решение. Но, треба промена на начинот на живот“ – изјавила таа.

Сега: 55 килограми

Венди Мекконки

Консумирајќи основно брза и мрсна храна, Венди стигнала до тежина од над 200 килограми. Но, откако започнала да страда од болка во зглобовите поради големата тежина, 38-годишната Американка започнала да го менува својот живот. Таа започнала да се храни здраво и редовно да посетува часови по фитнес, по што ослабела повеќе од 137 килограми. Венди вели дека ослабела благодарение на часовите по Зумба. „Кога бев на мојот прв час тежев 145 килограми и бев насмеана до уши, затоа што не можев да поверувам дека тоа е вежбање“ – изјавила Венди.

Венди МекконкиНекогаш: 204 килограми Венди МекконкиСега: 67 килограми

Јоланда Маршал

Некогаш: 132 килограми

„Ми се смачи од јо-јо“ – изјавила 34-годишната учителка која вели дека добила многу позитивни реакции од своите ученици откако ослабела 53 килограми.

Сега: 66 килограми

Анџела Меккалоу

„Не можев да се наведнам и да си ги врзам врвките на чевлите“ – признала Анџела. Сега таа може еден час да практикува напредни пилатес вежби, а потоа и вежби со тегови.

Венди МекконкиНекогаш: 129 килограми Венди МекконкиСега: 61 килограм

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11052 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.