Пред половина година, името на дизајнерката Деби Вингам се прочу низ светот поради нејзината скапа креација со црни дијаманти – фустан вреден 4,3 милиони евра.
Сега, Деби направи голем чекор нанапред во дизајнирањето на безумно скапи фустани и создаде абеја со редок црвен дијамант вредна неверојатни 15,9 милиони долари. Според информациите на нејзиниот сајт, црната абеја е и најскапото парче облека на светот.
Вкупно 2.000 дијаманти ја красат абејата, меѓу кои 50 2-каратни бели дијаманти и 50 2-каратни црни дијаманти. Во центарот на креацијата е најреткиот црвен дијамант кој се проценува на 7,4 милиони долари.
Реткиот црвен дијамант вреден 7,4 милиони долари
Абејата ќе биде презентирана во Дубаи.
Фустанот од 4,3 милиони евра, дизајниран од Деби
