Лас Вегас засега може да се пофали дека го има најголемото панорамско тркало на светот. Тркалото „High Roller“ е високо 167,6 метри, што е за 2,7 метри повисоко од панорамското тркало во Сингапур кое беше рекордер од 2008 година па досега.
Новата туристичка атракција ги отвори вратите за посетители на 31 март. Максимум по 40 лица може да се забавуваат во секоја од 28-те кабини и да уживаат во неверојатната глетка на „најосветлениот“ град на светот.

Не е тешко да се заклучи дека ноќното возење е повозбудливо, поради колоритноста на осветлувањето на многуте казина, хотели и ноќни клубови.








Сепак, Лас Вегас наскоро нема да може да тврди дека на своја територија го има највисокото панорамско тркало, бидејќи во следните неколку години Њујорк и Дубаи ќе добијат пограндиозни тркала за набљудување. Така, се планира „Dubai Eye“ да достигне висина од 210 метри, а ќе биде отворено во 2016 година.
