Клое и Клер Гранки се близначки од Трентон, Илиноис, кои ги освоија срцата на публиката на трка на 800 метри.
За време на трката, Клое се повредила и паднала на земја. Кога 13-годишната Клер ја здогледала својата сестра, продолжила кон целта, но не пред да ја земе и неа на грб.

Сестрите завршиле последни, но затоа биле наградени со гласни аплаузи и пофалби. „Тие не победија на трката, но ги освоија срцата на сите во публиката. Тренер сум 20 години. Сега за првпат имав солзи во очите“ – изјавил нивниот тренер.
Фотографиите од Клер и Клое за кратко време започнале да кружат на социјалните мрежи.



„Ја зедов на грб и започнав да трчам. Се уморив, па до крајот одев, додека публиката ме бодреше. Тоа ми даде енергија барем да ја завршам трката“ – рекла Клер.