Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Мултимедијалнa изложба „Патување низ историјата на Џезот“

ФОТО: Мултимедијалнa изложба „Патување низ историјата на Џезот“

Од 7 до 19 октомври, во иновативниот центар на Македонски Телеком, кој се наоѓа на плоштадот Македонија, ќе се одржи мултимедијална изложба под името „Патување низ историјата на Џезот“.

Оваа изложба, која е во организација на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, ќе има за цел да го доближи џезот до пошироката публика преку интерактивен и мултимедијален пристап токму во период кога се одржува и култниот „Скопски Џез фестивал“. Изложбата ќе им понуди на посетителите запознавање со основите на џезот, со неговите почетоци и основоположници – правејќи го џезот подостапен за сите, со помош на технологијата.

Патување низ историјата на Џезот Патување низ историјата на Џезот Патување низ историјата на Џезот

Изложбата ќе биде одлична можност за сите кои што би сакале да се запознаат со музиката која го одбележа 20-тиот век и со нејзините најпознати претставници како Луис Армстронг, Дјук Елингтон, Дизи Гилеспи, Мајлс Дејвис, Чик Кореа и уште многу други оригинални личности и музички гении.

Покрај основните информации за запознавање со џезот, изложбата ќе се осврне и на интересните факти и анегдоти поврзани со овие луѓе, нивните гледишта и нивниот стил на живот.

Затоа вреди да дојдете и низ едно интерактивно патување да чуете и видите за инспиративните и забавните настани кои го создале најфасцинантниот правец во музиката.

Патување низ историјата на Џезот Патување низ историјата на Џезот Патување низ историјата на Џезот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.