Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Мажи си ги лакираат ноктите за да ја подигнат свеста за насилството врз децата

ФОТО: Мажи си ги лакираат ноктите за да ја подигнат свеста за насилството врз децата

„Стоп за насилството, стоп за насилството врз невини деца“ – тоа цели да го постигне непрофитната организација YGAP со својата кампања „Polished Man“.

Имено, кампањата е создадена за да се подигне глобалната свест за насилството врз децата и да се соберат средства за потпомагање на деца кои станале жртви на физичко и сексуално насилство.

Polished Man

Основачот на организацијата, Елиот Костељо, ја добил идејата за кампањата за време на посета на Камбоџа. Таму ја запознал Теа, 10-годишно девојче кое било физички и сексуално малтретирано. Трогнат од нејзината тажна приказна, решил да преземе иницијатива за да се обиде да стави крај на насилството и да спречи други мали деца да ја доживеат истата судбина.

Елиот почувствувал љубов и игривост во очите на Теа. За време на средбата, таа му ги налакирала ноктите, па поради тоа лакирањето на еден нокт Елиот го постави како симбол на борбата против насилството врз децата.

Елиот КостељоЕлиот Костељо

Шокирани од фактот што 1 на 5 деца е физички малтретирано, мажи од целиот свет се вклучија во кампањата „Polished Man“ или „Налакирани мажи“ во текот на месец октомври.

Славни претставници на посилниот пол, меѓу кои Крис и Лијам Хемсворт и Зак Ефрон, дури и се номинираат (предизвикуваат) еден со друг, за побрзо проширување на добротворната кампања.

Polished Man Polished Man Polished Man Polished Man Polished Man Polished Man Polished Man Polished Man Polished Man Polished Man Polished Man Polished ManPolished Man

Собраните средства се вложуваат во програми за ослободување од траумите како и програми за превенција на траумите кај децата-жртви.

Polished Man Polished Man

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.