Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Маж си направи кошула од злато за да биде поголем фраер

ФОТО: Маж си направи кошула од злато за да биде поголем фраер

Не е новост дека бизнисмените и политичарите во Индија се опседнати со златото. Китењето со златен накит е еден од начините да си го подобрат имиџот, да покажат финансиска моќ и да привлечат внимание кон себе.

И навистина, невозможно е да не забележите човек кој носи врз себе неколку килограми злато, особено ако е облечен во него. Дата Фуг е индиски бизнисмен кој си направи кошула од злато со цел да привлече внимание какво што не добивал никој пред него.

„Ја добив идејата да си сошијам кошула од злато од еден мој пријател, кој рече дека никој го нема направено тоа досега. Сакав да тежи под 3 килограми, но малку ја надминавме границата“ – изјавил Дата за „India Today“.

Дата Фуг

Кошулата е изработена од 14.000 златни прстени и тежи 3 килограми и 200 грама. Вкупно 15 златари работеле по 18 часа дневно за да ја довршат кошулата во период од околу две недели. Петлиците на кошулата всушност се сваровски кристали.

Но, блескавата кошула не е единствениот златен „накит“ на телото на Дата, кој се нарекува „златниот човек од Пимпри“. Тој поседува и импресивна колекција златен накит која совршено одговара на неговата кошула. Се проценува дека златото кое Дата го носи врз себе тежи 7-10 килограми.

„Златната кошула е остварување на еден од моите соништа. Таа ќе биде украс на мојата репутација на Златниот човек од Пимпри“ – објаснил тој.

„Луѓето купуваат автомобили или одат на одмор во странство. За мене, златото е ултимативната страст“ – рекол тој.

Дата Фуг

Освен внимание, Дата со кошулата сигурно ќе привлече и многу крадци. Но, тој е сигурен дека никој нема да го допре бидејќи насекаде се движи само со телохранители. „Имам свој безбедносен систем. Секогаш се движам со телохранители“ – вели тој.

Следејќи ги стапките на својата сопруга, Дата има амбиции да влезе во политиката и се надева дека златото ќе му помогне да си ја оствари целта. Пред извесно време индискиот политичар Самрат Мозе неуспешно се обиде да привлече гласачи, носејќи златен накит од 8,5 килограми.

Самрат МозеСамрат Мозе

Погледнете како изгледа златната кошула на Дата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.