Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Маж поседува колекција од 2.000 Барби кукли

ФОТО: Маж поседува колекција од 2.000 Барби кукли

Стенли Колорајт со право се нарекува „мажот Барби“. 41-годишниот Американец поседува импресивна колекција од 2.000 Барби кукли кои ги чува во четири соби.

Колекцијата на СтенлиСтенли со својата колекција

„Започнав со една кукла и мојата колекција започна да расте и расте“ – изјавил тој, дополнувајќи дека првата кукла ја купил во 1997 година.

Колекцијата на Стенли Колекцијата на Стенли

Стенли сега купува по околу 20 од најпознатите кукли на светот месечно и троши по околу 30.000 долари годишно само за да ја зголемува неговата колекција. Најскапата барбика која ја поседува чини речиси 1.000 долари, а целата колекција се проценува на околу 80.000 долари. Освен кукли, Стенли поседува и околу 3.000 различни облеки за куклите, како и дополнителни Барби реквизити.

Најскапата барбика во колекцијата на СтенлиНајскапата барбика во колекцијата на Стенли Колекцијата на Стенли

„Кога луѓето влегуваат во мојот музеј, вилицата им паѓа на земја и не знаат што да кажат. Барбиките заземаат четири соби од куќата, но нема да престанам да ја ширам колекцијата сè додека не ги наполнам сите соби“ – објаснил Стенли.

Колекцијата на Стенли

Во домот на љубителот на барбики има и голема колекција од 1.000 Кен кукли, кои се во сопственост на неговиот љубовен партнер, Денис Шликер.

Стенли со својот партнер ДенисСтенли со својот партнер Денис Колекцијата на Стенли

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11273 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.