Кога богатите Либанци прават свадба, штедењето е незамисливо. Раскошната свадба на Лама Данави и Калед Катоун беше како вистинска бајка.
Бројни гости го прославија стапувањето во брак на младиот пар во огромна сала во Бејрут, декорирана со стотици илјади цвеќиња, бисери, кристали и светла.
Маестралниот Ели Сааб ја создаде луксузната венчаница на невестата, која носеше и дијамантски накит. Огромната торта надминуваше 3 метри висина, па младенците ја пресекоа со меч.
За грандиозноста на настанот, најдобро зборува следното видео:
Khaled & Lama's Live Edited Wedding TeaserDec. 22nd , 2015
Posted by Brightlight Image on Tuesday, December 22, 2015