„Castillo Caribe“ е една од најлуксузните вили на плажа и најголемиот приватен дом на Кајманските Острови.
Пространиот имот е како мал хотел и чини околу 59 милиони долари. На три ката, на површина од 4,500m2 има 8 бањи, простории за масажа и сауна, мини кино сала, соба за вежбање, целосно опремени кујни, огромна дневна соба, просторија за билјард, неколку спални соби, одделни соби за гости...
Топлата клима, несекојдневниот „пештерски“ базен и егзотичната плажа со бел песок многукратно ја зголемуваат привлечноста на вилата и нема човек кој не би посакал да помине барем еден одмор во неа.
















