Многумина би се нарекле „зимски“ личности и со нетрпение го очекуваат првиот снег, а од друга страна не се малку оние кои со задоволство би ја замениле зимската идила со топол егзотичен рај.
Кога би добиле шанса да избирате, би се одлучиле за тропско или за снежно уживање? За каков одмор сонувате?
Хотел „Sarojin“ во Као Лак, Тајланд
Егзотичниот Тајланд крие многу места кои би се нарекле вистински рај на земјата. Луксузниот хотел „Sarojin“ е место каде што се остваруваат соништата.
Белите песочни плажи, идиличните лагуни и водопади, бујните градини и беспрекорната услуга се вистинска комбинација за идеален одмор.














Вила „Le Chardon“ во Вал д’Изер, Франција
Го обожавате снегот и спокојството кое го носи одморот на планина? Тогаш со сигурност ќе се заљубите во луксузната вила во Вал д’Изер, која се наоѓа на околу 5 километри од границата на Франција со Италија.
Покрај скијање и прошетки во природата, вилата нуди и релаксирачко капење во топла бања под отворено небо. Уживањето покрај каминот, вкусувајќи француски специјалитети, со сигурност ќе предизвика да заборавите на остатокот од светот.







