Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Драстични трансформации со пластични операции во Јужна Кореја

ФОТО: Драстични трансформации со пластични операции во Јужна Кореја

Милиони луѓе низ светот го менуваат својот изглед со помош на пластичната хирургија. Во текот на 2010 година преку 3,3 милиони козметички интервенции биле направени само во Америка, што е најмногу во светот. Но, кога ќе се земе предвид бројот на населението, Јужна Кореја избива на врвот.

Пластични операции: пред и потоа

Секоја петта жена од Јужна Кореја на возраст од 19 до 49 години легнала под нож со цел да го подобри својот изглед, а најмногу загрижува фактот што огромен број од нив се девојки во тинејџерските години. Додека кај нас е лудост да слушнете дека некоја мајка ѝ подарува пластична операција на својата ќерка, во Сеул е сосема вообичаено тинејџерките да добиваат пластични операции од своите родители за роденден. Всушност, во Јужна Кореја посетата на пластичен хирург е исто толку вообичаена како посетата на стоматолог. „Не е реткост да се добие операција како подарок од родителите за матура“ – признава Сујин Шин, 17-годишна девојка.

Една од најпопуларните интервенции е операцијата на очните капаци, бидејќи сè повеќе жени сакаат да имаат што поголеми очи за да го копираат изгледот на популарните дами од Западот. Освен операциите на очните капаци, особено популарнo е моделирањето на коските на лицето, односно менувањето на обликот на вилиците. Многу жени се стремат кон долна вилица со V-форма.

Експертите сметаат дека еден од виновниците за бројните козметички операции е K-pop индустријата и многуте музички ѕвезди кои отворено признале дека го промениле својот изглед со хируршка интервенција.

„К-pop влијае на нашиот поглед за тоа како треба да изгледа некој. Мојата баба ми има речено: Хиујин, мислам дека треба да си го поправиш носот. Сакам да си направам операција на очните капаци и да си го направам носот повисок. Исто така, сакам да го издолжам предниот дел на окото за да ми изгледаат очите поголеми. Бидејќи сум растена во Кореја, за разлика од Американците, сметам дека операцијата е како шминка. Зошто се шминкаме? За да станеме поубави. Зошто одиме на козметичка операција? Исто така за да станеме поубави. Немилосрдно е да осудувате некого за тоа што оди на пластична операција“ – изјавила Хиујин Ким, 17-годишна девојка.

Иако многу експерти не се откажуваат од ставот дека жените треба да го прифатат својот природен изглед и да не се насочуваат кон пластичната хирургија, очигледно тоа нема да ја намали опсесијата на жените од Јужна Кореја со популарните операции за попривлечен изглед.

Погледнете неверојатни трансформации на жени од Јужна Кореја со помош на скалпел:

Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа Пластични операции: пред и потоа

Погледнете и дел од емисија во која жена драстично го менува изгледот со операции.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11601 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.