Џејк Олсон професионално се занимава со фотографија само две години, но многуте награди и признанија кои завршиле во неговите раце и илјадниците комплименти кои ги добил говорат дека во неговите дела се крие нешто специјално.
Концептот за неговите фотографии е едноставен и вклучува фина природна светлина, природа и луѓе, најчесто деца, но крајниот резултат плени со топлина, спокој, детска невиност и одушевувачки нијанси.


















Сите фотографии се направени во околината на Блер, Небраска. За популарноста на Олсон доказ е и фактот што сите термини за фотосесии за годинава веќе се пополнети.