Јулија Винс е 17-годишна девојка со несекојдневен изглед. Нејзиното женствено лице е вистински контраст на нејзиното развиено, мускулесто тело.


Младата Русинка започнала да вежба за да стане посилна и да си ја зголеми самодовербата. На почетокот немала никаква намера сериозно да се занимава со подигање тегови, но сега се подготвува за својот прв официјален натпревар.


Иако има привлечено многу фанови, Јулија е мета и на многу критики од лица кои ја советуваат да престане да си го уништува телото. „Секогаш ќе има луѓе кои ќе го почитуваат мојот избор или соодветно ќе објаснат зошто не се согласуваат со него, но бескорисно е да се напаѓа некој што го следи својот сон“ – рекла таа.


