Џен Селтер има над 1,3 милиони следбеници на Instagram само поради својот задник.


Џен започнала да вежба интензивно пред неколку години. Откако увидела дека фитнесот е една од поатрактивните теми на Instagram, си направила профил на кој ги мотивирала и инспирирала своите следбеници.
„Сметам дека мотивирам и инспирирам луѓе ширум светот“ – изјавила таа за New York Post и дополнила дека секогаш внимава нејзините фотографии да не се премногу провокативни. Денес секоја нејзина фотографија добива десетици илјади лајкови, а меѓу нејзините фанови се и познати лица како Ријана.




Џен се откажала од продолжување на образованието по завршувањето на средното училиште и вели дека не жали за тоа, бидејќи заработува повеќе од многу луѓе со факултетска диплома. Нејзината заработка доаѓа од повеќе големи компании кои ѝ плаќаат на Џен за да ги рекламира нивните производи на Instagram. Во иднина таа планира да лансира и своја колекција спортска облека.


Покрај бројните позитивни коментари за изгледот и упорноста, Џен добива и многу негативни критики. „Имам фанови кои се огледуваат на мене. Потоа има мажи од кои ми се наежува кожата. Но, има и тон хејтери кои велат многу одвратни нешта. Луѓето мислат дека сум спонзоруша и што ли уште не. Не. Јас сум како сите други. Секој што работи напорно, може да биде таму каде што сум јас“ – рекла таа во интервју за Elle.
Во центарот на речиси сите фотографии на Џен е нејзиниот задник, затоа што таа смета дека луѓето не се многу заинтересирани да го гледаат нејзиното лице.
Многумина се убедени дека нејзиниот задник е вештачки. „Моето тело е природно, од градите надолу“ – рекла таа и објаснила дека си имала направено пластична операција само на носот.

