Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Градник од злато и дијаманти со цена од 1.000.000 долари

ФОТО: Градник од злато и дијаманти со цена од 1.000.000 долари

„Victoria’s Secret“ секоја година изненадува со прескап градник од фантазиите и очигледно нивните луксузни парчиња долна облека биле инспирација за компанијата „Birmingham Estate and Jewelry Buyer“ да создаде златен и дијамантски градник.

Златен дијамантски градник

Градникот е изработен од 750 грама 18-каратно злато и е украсен со дијаманти од 501,5 карати. Дизајниран е од сопственикот на продавницата за накит, Антони Обри, кој го именувал градникот по својата жена Рита.

Златен дијамантски градник

Само за дизајнирањето биле потребни 3 месеца, а самата изработка траела речиси цела година.

„Разликата помеѓу овој градник и градниците на Victoria’s Secret е што тие имаат ткаенина во нив, а дијамантите се вградени во материјалот. Кај овој градник, нема никаква ткаенина, само чисто злато“ – изјавил Обри.

Златен дијамантски градник

Градникот е наменет за продажба, а богатите клиенти ќе треба да се разделат со еден милион долари ако сакаат да го поседуваат овој екстравагантен модел.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.