Војвотката Кетрин денес го има последното појавување во јавност пред раѓањето на третото дете.
Заедно со принцот Вилијам, таа беше во посета на Sports Aid, водечка хуманитарна организација која им помага на младите спортисти да си ги остварат амбициите.
Кетрин изгледаше шармантно во светло палто од брендот Goat под кое носеше црни панталони и цветна блуза.












Кралскиот пар се сретна и со кошаркари во инвалидски колички, а Вилијам имаше можност да испроба како изгледа играта од количка.


